Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, вечерва изјави дека Приштина покажала дека не е подготвена за нормализирање на односите со Белград и натамошни разговори во рамките на техничкиот дијалог.
По разговорите во Брисел, тој рече дека на трипартитната средба со посредство на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, Белград инсистирал на формирање на Заедницата на српските општини, што е клучно прашање за опстанокот на Србите и нормализација, но дека Приштина покажала дека никогаш нема да ја формира ЗСО и дека политиката на премиерот на Косово, Албин Курти е да ги протерува Србите.
„Дијалогот е единственото место за компромисни решенија, за разлика од минатата недела кога српскиот претседател Александар Вучиќ беше подготвен да разговара, и кога Курти одби да разговара“, изјави Петковиќ на новинарите по средбите.