Две лица се застрелани, а две тешко ранети синоќа во населбата во близина на јужната железничка станица во Брисел, соопшти денеска полицискиот портпарол.
Истрелите биле испукани синоќа помеѓу по полноќ „околу кафуле“ во бриселскиот кварт Сен Жил, изјави истиот извор. Лицето или лицата осомничени за нападот се во бегство.
Во нападот се ранети три лица, од кои две се во тешка состојба, додека состојбата на третото лице е стабилизирана, изјави портпаролот на полицијата.
Округот беше идентификуван од властите оваа година како едно од жариштата за шверц на дрога во Брисел, меѓу вкупно 15 такви места од 19 општини во белгискиот главен град.
Сепак, полицијата засега не го поврзува инцидентот со дрога.
Обвинителството за тоа ќе проговори во текот на денешниот ден, изјави портпаролот на полицијата.
Агенцијата Франс прес наведува дека во последните неколку години, Белгија бележи зголемување на вооруженото насилство поврзано со ривалството меѓу дилерите на дрога.
Вооружени судири на улиците се водат во Брисел и Антверпен, чие пристаниште стана главна точка каде нелегалниот кокаин од Јужна Америка влегува во Европа.