Формирани двојките за осминафинале на ЕУРО 2024

По крајот на последните натпревари од групната фаза на Европското првенство, познати се и сите осминафинални парови на Европското првенство.

Среќата посака на едната страна на ждрепката да се најдат гиганти како Франција, Белгија, Португалија, Германија и Шпанија, додека на спротивната страна се Италија, Англија, Холандија…

Уште во осминафиналната фаза ќе има дерби пресметка меѓу Французите против Белгијците.

Осминафинални парови на Европското првенство:

Швајцарија – Италија (29 јуни, 18:00 часот)
Германија – Данска (29 јуни, 21:00 часот)
Англија – Словачка (30 јуни, 18:00 часот)
Шпанија – Грузија (30 јуни, 21:00 часот)
Франција – Белгија (1 јули, 18:00 часот)
Португалија – Словенија (1 јули, 21:00 часот)
Романија – Холандија (2 јули, 18:00 часот)
Австрија – Турција (2 јули, 21:00 часот)

Познат е и патот до финалето на големиот трофеј на континенталниот собир.

Четвртфинално вкрстување на Европското првенство:

Шпанија/Грузија – Германија/Данска (5 јули, 18:00 часот)
Португалија/Словенија – Франција/Белгија (5 јули, 21:00 часот)
Романија/Холандија – Австрија/Турција (6 јули, 21:00 часот)
Англија/Словачка – Швајцарија/Италија (6 јули, 18:00 часот)

Осминафиналната фаза стартува в сабота на 29 јуни, а ќе се игра до 2 јули.

Четвртфиналните натпревари се играат на 5 и 6 јули, потоа полуфиналните пресметки на 9 и 10.

Големото финале се игра на 14 јули (недела) во 21:00 часот.