Терористички напад во Русија – напаѓачи пукале во црква во Дагестан, убиени се двајца полицајци

Непознати напаѓачи пукале во православна црква во Дербент, Дагестан, по што отвориле оган кон полицијата.

Телеграмскиот канал MASH известува дека двајца полицајци загинале, а третиот е ранет.

Напаѓачите се на улица и во моментов разменуваат оган со полицијата.

– Полицијата спроведува специјална операција во близина на црквата каде претходно имаше пукање – изјави за РИА Новости извор од безбедносните сили.