Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар најави дека в четврток ќе го посети Киев за да потпише билатерален безбедносен договор со Украина.
Според неа, таков договор е потпишан со Украина и од други земји кои се подготвени да му помогнат на Киев, јави СТА.
„Станува збор за преземање обврска дека ќе продолжиме да и помагаме на Украина се додека тоа е неопходно. Украина ја брани целата структура на меѓународното право“, изјави Пирц Мусар.