На Украина и треба повеќе оружје, авиони и муниција за да спречи нападите врз мирните градови, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал.
„Денеска Харков повторно претрпе брутален руски напад. Станбена зграда во центарот на градот беше погодена од водени воздушни бомби. Има мртви и ранети“, објави тој на Фејсбук.
Според него, спасувачите работат на местото на ударот, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на настраданите.