„Треба да продолжи и да се одржува процесот на проширување на ЕУ, почнувајќи со Западен Балкан“ рече поранешниот шведски премиер, Стефан Левен на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.
Тој додаде дека исто така треба и имплементација на прогресивна политика за миграција и азил, базирана на солидарност и поделена одговорност.
„Важно е ЕУ да продолжи да води со пример и да се посвети на надворешна политика која е базирана на дипломатија, превенција на конфликти и одржлив развој. Основата на европскиот проект е да биде силе која ќе го засили меѓународниот ред заснова на правила и силен промотор на мир и стабилност“ рече Левен.
Тој додаде дека треба да се градат мостови, а не ѕидови и да се градат одржливи партнерства.