СЕ ПОЈАВИ Кејт Мидлтон! Присуствуваше на најважната роденденска забава во Обединетото кралство

Кејт Мидлтон, како што најави вчера, денеска се појави на Роденденската парада на кралот, позната и како Trooping the Color, со своето семејство во Лондон.

Таа беше забележана во кочија со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам и децата, како парадира низ улиците на Лондон и ги поздравува луѓето кои дојдоа да бидат сведоци на оваа голема церемонија.

Оваа вест ја изненади цела Велика Британија, но и светската јавност, со оглед на тоа што никој не очекуваше толку рано враќање на принцезата од Велс.

Принцезата, исто така, изрази благодарност за пораките за поддршка од јавноста за време на нејзината болест, велејќи дека е „останала без зборови со голема доза на охрабрување“.

Ова враќање на принцезата, се разбира, не треба да се сфати како враќање на јавните обврски.