Г7: Русија мора да и плати на Украина отштета од речиси 500 милијарди долари

Земјите од Г7 бараат легални начини да ја принудат Русија да и надомести на Украина за воената штета од најмалку 486 милијарди долари, се наведува во соопштението на Самитот на Г7.

Нагласено е дека Русија мора да ја прекине својата незаконска агресивна војна и да ја надомести штетата што и е нанесена на Украина.

„Според податоците на Светска банка, овие загуби веќе надминуваат 486 милијарди долари. Погрешно е Русија да одлучува дали и кога ќе ја плати штетата предизвикана на Украина. Обврската на Русија да ја плати штетата што ја предизвикува е очигледна од гледна точка на меѓународното право, затоа продолжуваме да ги разгледуваме сите правни механизми за да ја принудиме Русија да ги исполни овие обврски“, се наведува во документот.