„За анализа на политичката ситуација во Бугарија, за последните 2-3 години има шест избори. ГЕРБ на Бојко Борисов победи на овие избори, тоа е првото нешто. Второто е поразот на Либералите. За македонската јавност познатото име екс премиерот Кирил Петков кој е на трета позиција и има прогноза дека неговата коалиција ќе се распадне. Третото по овие избори се оставките на Христо Иванов и Корнелија Нинова, поранешните комунисти“ вели бугарскиот новинарот Љубчо Нешков – сопственик на агенцијата БГНЕС за Трилинг.
Тој вели дека претпоставките се дека „Бојко Борисов ќе направи се за да состави Влада, редовна, не техничка. Дали ќе успее, ќе видиме многу брзо“.
Нешков вели дека, она што е важно за Македонија е тоа што Бугарија ќе има нов министер за надворешни работи затоа што актуелниот премиер ги извршува и двете должности.
Новинарот е убеден дека изборите не треба да влијаат на односите меѓу Македонија и Бугарија во никаков случај.
„Бугарија и Македонија мора да имаат многу блиски односи. Се надевам дека идните влади во двете земји ќе го најдат универзалното решение за една нормална комуникација на политичко ниво. За обичниот човек реалноста е сосема друга од она што се случува на политичката сцена. Она што е важно за македонските граѓани е дека Бугарија нема да поставува услови за европската перспектива на Македонија, ниту пак нешто ќе се смени. Од желбата и искреноста на македонските политичари, дали сакаат да продолжат по тој пат, ќе се реши тоа прашање. Се е лага да се тврди дека од Софија ќе има некаков диктат, некаков притисок“ вели Нешков.