Бостон Селтикс го победи Далас Маверикс со 106:99 (30:31 20:20 35:19 21:29) во натпревар од финалето на НБА, а со успехот „Келтите“ сега водат со 3:0.
Тоа значи дека Бостон речиси сигурно ќе ја освои титулата во НБА оваа сезона, бидејќи ниту еден тим во историјата на асоцијацијата не успеал да се опорави од негативата од 0:3 во плеј-офот.
Кајри Ирвинг од Далас беше најдобар стрелец на натпреварот со 35 поени.
Предводникот на Маверикс – Лука Дончиќ, на својот тим му донесе 27 поени, додека најпродуктивен кај Бостон беше Џејсон Тејтум со 31 поен, а Џејлен Браун додаде 30 поени.
Дончиќ мечот ќе го памети и по исклучувањето на четири минути пред последниот судиски свиреж.
Тогаш го направи шестиот фаул и беше принуден да си замине. Ова му се случува трет пат во кариерата.
Четвртиот натпревар од серијата, кој на Селтикси може да им донесе шампионска титула е на 15 јуни (сабота) во 2:30 часот по македонско време.