(Видео) Алкараз подобар од Зверев, го освои Ролан Гарос

Карлос Алкараз е победник на Ролан Гарос.

Младиот Шпанец е новиот крал на Париз. Тој попладнево во финалето успеа со 3:2 во сетови да го победи Александар Зверев и со тоа да дојде до првиот трофеј на овој гренслем турнир, еден од најсилните.

Финалето кое понуди врвен тенис траеше 4 часа и 20 минути можеше да се види се што е потребно за едно големо финале.

Првиот сет го доби Алкараз со 6:3 во гемови со што наговести дека го сака овој пехар. Сепак Германецот почна да игра навистина добро и успеа да ги добие двата наредни сета со 6:2 и 7:5, посебно третиот сет беше супер интересен, драматичен и возбудлив.

И кога се чинеше дека Зверев е поблиску до победата во финалето, Карлито одигра маестрално и успеа со пресврт од 1:2 да дојде до 3:2 и до конечна победа.

Секако дека на крајот следуваше голема радост и еуфорија во тимот на Алкараз.