„Русија нема да успее во своите империјалистички планови“, рече социјалдемократскиот канцелар во неделната видео порака објавена вчера вечер.
„Путин мора да сфати дека не може да ја добие својата брутална кампања и дека за Украина е можен само праведен мир.“ Анкетите пред денешните избори покажуваат дека СПД добива околу 15 отсто од гласовите, приближно исто колку и екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD).
Откако францускиот претседател Емануел Макрон рече дека сака да испрати воени инструктори во Украина, Шолц повторно јасно го истакна своето противење за испраќање германски војници во воената зона. „Ќе продолжиме да спречуваме ескалација“, рече тој вчера на предизборниот митинг во Дуизбург.
По средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот во Париз, Макрон за воените инструктори рече: „Сакаме коалиција за ефикасност и неколку наши партнери веќе се договорија“.
Шолц рече дека германската поддршка може да се сумира во зборовите: „Претпазливост, претпазливост, претпазливост“. Тој повторно нагласи дека е важно да и се помогне на Украина, но и да се спречи ескалација меѓу Русија и НАТО.
Пред состанокот на Г7 во Италија, кој започнува во четврток, и мировната конференција за Украина во Швајцарија, која започнува на 15 јули, Шолц ја нагласи постојаната координација со партнерите и сојузниците.
Тој рече дека во Швајцарија ќе промовира заеднички став кон Русија со претставници од Азија, Африка и Јужна Америка. Важно е државите да го почитуваат меѓународното право и Повелбата на ОН, рече тој. „И затоа Русија мора да ја прекине својата освојувачка војна.“