Чешкиот репрезентативец и фудбалер на Твенте, Михал Садилек е голем малер, ќе го пропушти Европското првенство поради бизарна повреда.
25-годишниот фудбалер нема да игра на утрешниот пријателски меч против Македонија, а многу поразочарувачки за него е што нема да настапи и на Европското првенство.
Тој се повредил при пад од велосипед.
Садилек ја скршил ногата и се здобил со повреди на потколеницата поради што ќе му биде потребно подолго време за рехабилитација.
Садилек за Чешка досега има одиграно 24 натпревари и постигнато еден гол.
Чешка и Македонија утре играат пријателски натпревар.