Возење под дејство на алкохол 1.200, поминување на црвено светло 700 евра – да се внимава кога се оди во Грција

Претставниците на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент неодамна постигнаа привремен политички договор за директива која треба да го олесни спроведувањето на казните за возачите кои ќе направат сообраќајни прекршоци во друга земја-членка.

Новата директива сега ќе ги покрива прекршоците кои не се најчестите и сериозни прекршоци како што се брзо возење или возење под дејство на алкохол и дрога.

Меѓу нив се:

– игнорирање на забраната за претекнување

– опасно претекнување

– паркирање премногу блиску до раскрсница или зебра премин

– преминување на полна бела линија

– возење во погрешна насока

Она што многу возачи не го знаат е дека неплатените сообраќајни казни за прекршоци направени на територијата на ЕУ може дури и да ги стават на црна листа, што може да ги спречи возачите да влезат во земјите-членки.

Секој возач кој игнорира прекршок или парична казна може да се најде на таканаречената црна листа, бидејќи и најмалата општина во која било земја од ЕУ може да испрати извештај до надлежниот орган во Европската унија и да бара санкции.

Ако тоа се случи, сопственикот на автомобилот уште на првиот премин дознава дека неговиот влез е забранет, а истрагата и барањето да се отстрани од оваа листа може да потрае неколку години.

– Грците не можат да испратат казна на домашна адреса, но следниот пат кога ќе влезете во Грција, ако казната не е истечена, таа се уште е во системот и нема да ви биде простено, ќе мора да ја платите.

Во ЕУ постои регистар на сообраќајни прекршоци и голема е веројатноста дека ќе бидете казнети веднаш штом ќе влезете во ЕУ – пишува веб-страницата nikana.gr.

Ова е висината на казните:

– Возење под дејство на алкохол се 1.200 евра

– Брзината до 20 км/ч над дозволеното во град е 100 евра

– Поминување на црвено светло на семафор и претекнување преку полна линија чини 700 евра

– Неносењето појас е 350 евра

– Непрописно паркирање, казната е од 40 до 80 евра

– Користење на мобилен телефон додека возите е 100 евра

– Пушењето во возило доколку во него има дете под 12 години изнесува 1.500 евра со одземање на возачката дозвола.