Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека нема да го помилува својот син Хантер, во случај да биде осуден во државата Делавер, каде што му се суди за кршење на законот кој забранува нерегистрирани корисници на дрога да поседуваат огнено оружје.
Во интервју за ABC News, Бајден ја отфрли можноста за помилување и рече дека ќе го прифати исходот од судскиот процес, кој започна оваа недела, објави Ројтерс.
Хантер Бајден се изјасни за невин по трите кривични дела за тоа што не пријавил употреба на нелегални дроги кога купил револвер во 2018 година и нелегално го поседувал оружјето 11 дена.