Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека Будимпешта нема да испраќа свои војници во случај на потенцијално вклучување на НАТО во војната во Украина.
– Украинците сметаат дека колку повеќе држави ќе вклучат во војната против Русите, толку повеќе имаат шанси за победа, затоа бараат во војната да се вклучи и Европската Унија, па и целиот свет. Од украинска гледна точка, ескалацијата на војната е логична. Ние Унгарците, сепак, знаеме дека мораме да останеме надвор од војната, бидејќи влегувањето во војна би било против унгарските национални интереси – им рекол Орбан на новинарите, пренесе унгарски „Незмет“.
Тој додаде дека Унгарија не може да го поддржи Холанѓанецот Марк Руте како нов генерален секретар на Алијансата кога Јенс Столтенберг ќе замине во октомври, бидејќи, како што рече, „тој се залага за ставот дека сите членки на НАТО мора да се посветат на учество во воени акции надвор од територијата. на Алијансата“.
– Би сакале да ја завршиме секоја дискусија со идниот секретар дека Унгарија нема да учествува во воените операции на НАТО против Русите во Украина, без разлика што сме членка на НАТО – рече Орбан.