Претседателката Гордана Сиљановска Давкова му го додели мандатот за формирање Влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, кој по изборите на 8 мај обезбеди парламентарно мнозинство со коалицијата ВРЕДИ и Движењето ЗНАМ.
Претседателката рече дека претстедателот на ВМРО-ДПМНЕ има сериозна можност да формира влада и да освои 61 глас зад својата програма и новиот владин состав.
– Чест и задоволство ми е да верувам дека чекорот што го преземам е вистински, правен и политички чекор – рече таа.
Со врачувањето на мандатот почнуваат да течат 20 дена за формирање нова Влада.