Полицијата во текот на вчерашниот ден казни 120 возачи во Скопје.
Како што информираат од МВР, седуммина биле казнети за возење без возачка дозвола, три лица биле казнети за користење мобилен телефон при возење, петмина поминале на црвено светло, четири санкции за непрописно престројување…
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, информираат од МВР.