„МУ ПРОСТАВАМ“ Првото обраќање на Роберт Фицo по атентатот

Словачкиот премиер Роберт Фицо нема да го тужи опозиционерот Јурај Цинтула, кој го застрела.

– Нема да покренам никаква тужба против него и нема да барам отштета. Му простувам и нека сфати што направил, зошто го направил тоа – рече премиерот во обраќањето до граѓаните.

Фицо додаде дека стрелецот бил само „гласник на политичка омраза“ за словачката опозиција.

Словачкиот премиер планира да се врати на работа во јуни или јули.