Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, утре – 6 јуни 2024 година, четврток, во 12:00 часот, ќе го врачи мандатот за состав на Влада на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ветивме функционална и правна држава, ефикасна Влада што ќе спроведе реформи. Суштината на огромната доверба од граѓаните е политиките кои што треба идната влада да ги спроведе за да има владеење на правото, да нема граѓани од втор ред, да се зајакне економијата, учениците да имаат учебници на почетокот на годината, во здравството да има услови, за земјоделците субвенции и се она што сме ветувале во програмата. За се ова да се спроведе е потребно да се донесат измените и реорганизација на ресорите на Владата, изјави претходно денеска Мицкоски.