Новак Ѓоковиќ поради повреда се повлече од Ролан Гарос.
Повлекувањето на Ѓоковиќ го искачи Јаник Синер на првото место на АТП листата.
Синер, од понеделник ќе биде првиот италијански тенисер број 1. Синер е 29-тиот тенисер број 1 во Опен ерата.
Српскиот тенисер загуби 1600 поени, а Јаник Синер освои 350, автоматски го престигна на врвот. Но, падот на Ѓоковиќ може да биде уште поголем доколку Карлос Алкараз победи на Ролан Гарос. Тогаш Ѓоковиќ ќе падне на третото место.
Синер беше на теренот кога дозна дека за првпат во кариерата ќе биде тенисер број 1 во светот.
„И што да кажам? За секој играч е сон да биде број 1. Разочаран сум што Новак мораше да се повлече, посакувам брзо закрепнување” – изјави Синер кога ја слушна веста.