Новиот претседател на Уставен суд е Дарко Костадиновски.
Според информациите, избран е со 6 гласа од колегите во 10-тиот круг гласање.
Претходно денеска се гласало и за Осман Кадриу, кој повторно не го добил потребното мнозинство.
Изминатите неколку дена на избирачкото ливче се најдоа и уставните судијки Ана Павловска Данева и Татјана Васиќ Бозаџиева.
Костадиновски е избран за судија во јануари 2018 и мандатот му истекува за помалку од 3 години.
Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.