Доаѓа време за одговорност за сите упади во закони во правниот и судскиот систем, коментираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски за писмото што министерот за правда Кренар Лога го испратил до меѓународната заедница.
„Оценката за правото во Македонија со Лога, со СДС и со ДУИ е добро позната и во Македонија и во меѓународната заедница. Кренар Лога, заедно со СДС и ДУИ, е во опозиција. Доаѓа време за одговорност, за сите упади во закони во правниот и судскиот систем“ – рече Стоилковски.
Во писмото испратено до официјален Брисел, Вашингтон и до дел од странските амбасади во земјава, министерот Кренар Лога изрази загриженост поради најавата на ВМРО-ДПМНЕ, која партијата ја даде уште пред изборите, дека доколку дојде на власт ќе ги распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.