Трагедија на Калемегдан: Се обидел да се пресоблече, па паднал од ѕид висок 20 метри

В.М.(39) од Белград загинал синоќа при пад од ѕидините на тврдината Калемегдан, а според очевидци до несреќата дошло кога се обидел да се пресоблече.

Луѓето кои биле во близина, забележале маж кој се обидел да се облече, па најверојатно на тој начин изгубил рамнотежа.

„Видовме дека е сам. Сакаше да го облече горниот дел од облеката. Се чинеше дека ја изгуби рамнотежата. Полицијата и итната помош брзо дојдоа, но немаше помош“, велат очевидци во текот на истрагата.

За случајот е информирано Вишото јавно обвинителство во Белград.

Телото на В.М. (39) од Белград е пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина, пишува српски Телеграф.

Неофицијално, на полицијата и е наредено да обезбеди видео надзор од околните камери.