Претседателот на Бугарија, Румен Радев врховен командант на држава членка на НАТО и генерал на НАТО, замина во многу итна посета на Унгарија и Швајцарија, додека Софија беше домаќин на Парламентарното собрание на НАТО – клучен меѓународен настан за земјата во последните неколку години. Радев објасни дека не побегнал од Бугарија, бидејќи неговите посети биле договорени многу пред да се закаже Собранието – иако дури и на недипломатите им е јасно дека и да беше така, немаше да има проблем таквите посети да се одложат за неколку недели или месеци.
Згора на сето тоа, претседателот Радев, кој се декларира дека е бескомпромисен бранител на бугарските интереси во однос на Северна Македонија, никогаш не кажа дали за време на неговата толку важна средба со Виктор Орбан го поставил прашањето зошто со години го засолнува осудениот поранешен македонски премиер Никола Груевски и зошто блиски до него олигарси ги поддржуваат скопските медиуми кои шират антибугарска пропаганда.
Свој меѓу странците, туѓинец меѓу своите
Всушност, Румен Радев не би се чувствувал пријатно да се сретне во Софија со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг и да биде првиот по ранг што ќе биде домаќин на претставниците на парламентите на 32-те земји-сојузнички на пактот. Не само затоа што тој ќе биде примен од нив со повеќе од ладна дипломатска учтивост како добро познат русофилски НАТО-вец. Тој многу повеќе се чувствува на своето место во Будимпешта со најжестокиот путинофил во Европската унија – Виктор Орбан, од каде уште еднаш го прогласи своето миротворно кредо за војната во Украина.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.