Лекот лорлатиниб најефикасно го запира ракот на белите дробови од сите досега користени лекови
Лекот лорлатиниб е најефикасен за запирање на ракот на белите дробови од сите досега користени лекови, а повеќе од половина од пациентите со напредни форми на болеста кои го земале лекот се уште биле живи по пет години без прогресија на болеста, беше објавено денеска на годишен состанок на Американското здружение за клиничка онкологија (ASCO) во Чикаго.
Лекарите ги поздравија резултатите од испитувањето на австралиските научници кои покажаа дека новиот лек ја запира прогресијата на ракот на белите дробови подолго од кој било друг третман кај 60 отсто од пациентите, објави Гардијан.
Кај пациенти кои биле третирани со стандардниот лек – кризотиниб, ракот на белите дробови не напредувал во текот на пет години кај осум проценти од пациентите.