Најмалку три лица загинаа, а 16 се ранети во руските напади врз Харков, на североистокот на Украина, соопштија утринава регионалните власти.
Во ноќниот напад погодена е петкатна зграда во областа Новобаварски, изјави градоначалникот Игор Терехов, додавајќи дека има стравувања дека под урнатините има повеќе жртви.
Официјални лица рекоа дека „непријателот прибегна кон тактика со двоен удар, додека медицинските лица, спасувачите и полицајците беа на местото на настанот“.
Ракетите С-300 и С-400 лансирани од територијата на руската област Белгород, на границата со Украина.