Голдман Сакс: Глобалната побарувачка на нафта ќе расте барем до 2034 година

Глобалната побарувачка за нафта ќе расте најмалку до 2034 година, покажуваат најновите прогнози на аналитичарите на њујоршката банкарска корпорација Голдман Сакс.

Во прогнозата се наведува дека побарувачката на нафта ќе се зголеми на 108,5 милиони барели дневно во 2030 година и ќе достигне врв во 2034 година кога ќе изнесува 110 милиони барели дневно, пренесe Ројтерс.

Голдман Сакс наведува дека побарувачката за нафта ќе остане висока до 2040 година.