Дачиќ за смртта на братот на министерот од БиХ, откри и како дошло до конфликтот
Се утврдува причината за смртта на братот на министерот на ФедерацијатаБиХ, кој вчера бил претепан до смрт од двајца млади момчиња во паркот во Вождовац, изјави денеска во „Јутро на Блиц“ министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Претепаниот човек Ѓ. М.(37) починал синоќа во Ургентниот центар во Белград по конфликтот на теренот во паркот во Вождовац.
– Се утврдуваат фактите како настапила смртта. Мора да се направи обдукција. Синоќа околу 18-19 часот полицијата добила повик дека има тепачка и отишла на таа адреса во општина Вождовац каде нашла повредено лице – вели Дачиќ.
Според сопругата на починатиот, до конфликт дошло откако нивните деца се пожалиле дека двајцата кои го претепале починатиот не сакале да им ја вратат топката на децата.
-Таткото излегол, настанала гужва и кога жената излегла дознала дека имал конфликт со двајца млади момчиња. Тој бил пренесен во Ургентниот центар каде починал. Се утврдува причината за смртта – вели Дачиќ.
Според него, сигурно не се работи за убиство, но се утврдува дали мажот починал како последица на конфликтот.
– Лекарите велат дека имало некакви здравствени проблеми, епилептичен или можеби инфаркт, но тоа сега е прашање. Најголемиот проблем е што нема камери и нема сведоци за да се утврди што точно се случило – изјави Дачиќ за ТВ „Блиц“.
Тој нагласи и дека случајот сигурно нема да остане нерасчистен, како и дека полицијата трага по учесници во конфликтот.