Министерот во заминување Демири го разреши директорот на Кардиохирургија

Министерот за здравство Илир Демири денеска соопшти дека го разрешил директорот на Кардиохирургија – Марјан Шокаровски и од позиција на министер во заминување упати совет до наредниот министер, иако вели дека може и тој да биде и понатаму, новиот директор да биде избран од надвор од Клиниката.

– Му го прекратувам вршењето на функцијата на д-р. Шокаровски како медицински директор на Клиниката (н.з. Кардиохирургија). Друга причина е крајно нарушените меѓучовечки односи во една таква врвна институција. Недозволиво е нарушување на односите во таква институција – изјави на прес-конеферанцијата Илир Демири, министер за здравство.

Шокаровски беше ставен за нов директор откако претходниот министер Фатмир Меџити го разреши долгогодишниот директор на Кардиохирургија, Сашко Јовев.

Потоа беше регистриран и инцидент меѓу двајцата директори.