Словачкиот премиер Роберт Фицо, според прелиминарните проценки, би можел да биде целосно здрав до крајот на годината, изјави денеска Јан Рихтер, шеф на пратеничката група Смер во словачкиот парламент.
Како што изјави за РТВС, целосно закрепнување значи дека и премиерот ќе оди на рехабилитација, објави Словачка Правда.
„Ситуацијата е сè уште многу сериозна“, рече Рихтер, додавајќи дека Фицо покажува одреден напредок.