Авионот што се урна кај Загреб е лоциран, потврдија од хрватската полиција и соопштија дека се пружа помош на повредените, а според неофицијални информации три лица преживеале, додека едно загинало во несреќата, пренесува порталот „24 сата“.
„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шума јужно од Керестинац. Полициски службеници излегле на терен и ја потврдиле точноста на пријавата, на повредените им се укажува помош, а местото на настанот е обезбедено“, соопшти хрватската полиција.
Хрватските медиуми претходно објавија дека авионот, во кој според неофицијални информации имало четворица членови на екипажот, попладнево се урнал во близина на Загреб.