Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Чачак изјави дека ниту еден српски претседател во иднина „нема да го повтори она што тој го кажал во Њујорк“, на заседанието на Генералното собрание на ОН каде се гласаше за резолуцијата за геноцид во Сребреница.
– А, особено ним во лице. Тоа никогаш повеќе нема да се повтори, тоа можам да ви го кажам однапред. Можев да го сторам тоа и можев да бидам храбар затоа што Србија беше зад мене, бидејќи знаев дека сакате Србија која има лице, а не Србија која се повлекува пред оние што сакаат да ја скршат, рече Вучиќ на предизборниот митинг „Чачак утре“, изборна листа на Српската напредна партија (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) за локалните избори во тој град.
Според него, важно е луѓето да гласаат за изборната листа „Србија утре“, бидејќи на тој начин гласаат за иднината и стабилноста на земјата.
– (Унгарскиот премиер Виктор) Орбан не згреши кога рече дека сè полека се движи кон најголемиот конфликт во историјата. Има ли нешто што ни треба повеќе од внатрешна стабилност – ништо. Што мислите, зошто пред некој ден една германска фондација уплатила 40 илјади евра на една на опозициска листа овде во Чачак. Нивниот интерес е да ја дестабилизираат Србија за да го искористат Чачак како платформа за напад на стабилноста во Србија, рече Вучиќ.
Тој изјави и дека народот на моменти со право е незадоволен и побара од локалните власти повеќе да ги слушаат граѓаните, да ги примаат во нивните канцеларии и да се обидат да им помогнат во нивните проблеми.