„Од суштинско значење е внатрепартиските избори да поминат во најдобар ред и во една демократска постапка да се избере ново раководство кое ќе ја обедини партијата како предуслов за нови успеси”- вели неврохирургот Филипче.
Според него, новито раководство ќе има тешка задача пред себе. Изборниот резултат покажува дека потребно е трпение, чесен пристап и јасна нова стратегија за да се поправат состојбите, вели Филипче.
„Прва цел треба да биде стабилизација и обединување на членството, а потоа и враќање на довербата кај сите граѓани.
Оваа криза е можност да се преиспитаат политиките, начинот на работење и да изникне еден нов СДСМ кој ќе биде силен коректив на власта”- рече идниот пратеник на СДСМ , Венко Филипче во изјава за Канал 5.