Осум лица загинаа, а едно лице е повредено во напад со нож во централната кинеска провинција Хубеи, соопштија денеска властите.
Напаѓачот, 53-годишен маж за кој се вели дека има ментална болест, смртно избодел осум лица и ранил уште едно лице во градот Ксиаоган, јави Синхуа.
Повредениот не е во животна опасност. Полицијата го привела напаѓачот.