Богоев: Способен сум за лидер на СДСМ

Директорот на Царинската управа и потпретседател на СДСМ во оставка – Стефан Богоев порача дека размислува за кандидатура за претседател на СДСМ.

Тој во изјава за БИРН, вели дека предност му е што ги поминал и опозиционерските денови во првите редови на протестите.

„Сметам дека во овие 16 години сум ги поминал буквално сите скалила во партијата по природен пат, а и во државата, и сум бил дел од сите клучни процеси во партијата, како Отпорот, Вистината за Македонија, Шарена револуција и низ сите тие процеси, години и скалила сум стекнал големо искуство и пријателства во партијата. Оттука, сметам дека сум способен за лидер на СДСМ, а наскоро ќе одлучам дали ќе тргнам по тој пат сега. Најбитно е партијата да избере тим што ќе го зачува јадрото на СДСМ, а не само претседател“ – вели Богоев.