Генералното собрание на ОН денеска ќе гласа за резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и осуда на негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.
Во меѓувреме, во Белград и градовите во Србија на билбордите е истакнат текстот „Ние не сме геноциден народ“- Горда Србија и Српска, а ист текст е поставен и на Кулата Белград.
Истиот текст на своите социјални мрежи го имаат поставено речиси сите претставници на државниот врв.
Медиумите ги пренесуваат пораките на претседателот Александар Вучиќ и делегацијата од Њујорк за дипломатската борба во докажувањето дека Србите не се геноциден народ.