Откако Урош Блажиќ, обвинет за масакрот во Дубона и Мали Орашје, и неговиот татко беа внесени во судницата на Вишиот суд во Смедерево, каде денеска требаше да почне судењето, родителите на неговите жртви веднаш го нападнаа, поради што Блажиќ веднаш беше изнесен од судницата.
@alo_portal Uroš Blažić doveden u sud, prvi put ga snimile kamere #alo #alonovine #alodnevnenovine #fypシ゚viral #foryou #fypシ #viralvideo #viral #urosblazic ♬ original sound – Alo_portal
Вистинскиот хаос настана во моментот кога Блажиќ беше внесен во судницата, а српските медиуми од местото на настанот известија дека веднаш почнал да се слуша метеж. Набргу потоа голем број затворски чувари го извадиле Блажиќ, кој денеска исто така носел панцир.
Обезбедувањето во еден момент морало да го спречи таткото на Далибор Тодоровиќ, кој тргнал кон Блажиќ и во солзи извикал: „Ми го уби синот! Тој го уби мојот син“.
Родителите на убиената Кристина и Милан Пантиќ, брат и сестра, видно потресени го напуштија судот.
Нивниот татко кратко рекол: „Можете да ме убиете, но јас нема да седам со убијци“.
Да потсетиме, судењето требаше да започне во 10 часот, а на денешното рочиште кое треба да биде затворено за јавноста, обвинетиот Урош Блажиќ треба да ја признае вината.
Инаку, на обвинетиот Блажиќ за масакрот му се заканува затворска казна од 20 години бидејќи во времето на извршувањето на кривичните дела бил малолетник, односно не наполнил 21 година.