Прилепчани и граѓани од цела Македонија веќе десетина дена протестираат на патот кон село Ореовец, спречувајќи ги машините и работниците да продолжат со минирање и ископување, информираат од Левица.
Додаваат дека пратеникот Сашко Јанчев ја поддржува блокадата.
„Се наоѓам над селото Ореовец. Оваа грдосија позади мене е последица на минирањето од турско-американскиот конзорциум ,Бехтел и Енка’. Од минирањето се загрозени и загадени извори на вода од кои и денеска пијат вода Прилеп и околните села. Во селото Ореовец се оштетени куќи, а загрозени се и ендемични видови на животни кои постојат само тука.“
Ова е последица на криминалниот и противзаконски договор кој го направи претходната влада со турско-американскиот конзорциум ,Бехтел и Енка’, па затоа граѓаните тука се самоорганизираат веќе десетина дена. Имаат протестна блокада и не дозволуваат машините и работниците да продолжат со работата“, се истакнува во напишаното.
„Левица како што и досега го блокираше, претходно во Собрание, спроведувањето на договорот со ,Бехтел и Енка’ со илјадници амандмани, така ќе продолжи сега веќе и физички на терен да ја поддржува борбата на граѓаните. Секој ден ќе бидеме тука на терен со нив, а исто така и правниот тим и пратеничката група максимално ќе се вложи оваа деструкција да биде спречена”, истакна Јанчев.