НБА лигата ќе добие нов шампион. Ова стана јасно откако изминатата вечер Минесота го совлада Денвер со 90:98 во седмиот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција.
Некаде на почетокот на второто полувреме Денвер водеше со 20 поени разлика (58:38), но Минесота многу брзо ја анулираше предноста и се врати во игра.
До крајот на третиот период успеаја да намалат на само еден поен негатива (67:66), додека во последната четвртина гостите целосно ја преземаа резултатската контрола.
Најефикасен кај Денвер беше Мареј со 34 поени, потоа следеше Јокиќ со дабл-дабл од 34 поени, 19 скокови и седум асистенции.
Во редовите на Минесота се истакна МекДениелс со 23 поени и шест скокови, додека Таунс ја заврши средбата со 23 поени и 12 скокови.