Неизвесноста надвисна околу судбината на иранскиот претседател Ебрахим Раиси откако државните медиуми објавија дека неговиот хеликоптер се урнал во неделата во западна провинција, во лоши временски услови.
Иран започна опсежна операција за пребарување и спасување во планинскиот регион прекриен со магла во провинцијата Источен Азербејџан.
Врховниот водач Али Хамнеи рече дека „иранскиот народ не треба да се грижи“ за земјата и изрази надеж дека Раиси и другите ќе бидат во добра здравствена состојба.
Подолу е краток преглед на она што иранскиот устав вели дека се случува ако претседателот е неспособен или умре на функцијата:
Раиси за претседател е избран во 2021 година, а според сегашниот распоред, претседателските избори треба да се одржат во 2025 година.
Во Иран, врховниот лидер, а не претседателот го има последниот збор за сите државни прашања, вклучително и надворешната политика и нуклеарната програма.
Затоа, доколку нешто се случи со Раиса, малку е веројатно дека ќе има значителни промени во севкупната политика на Исламската Република.