Ноќеска сообраќајка на влезот на Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје на „Водњанска“. Во несреќата учествувале четири возила, а неколку лица се пожалиле на полесни телесни повреди.
Неофицијално, сообраќајката се случила кога се судриле два автомобили, а притоа оштетиле уште два паркирани автомобили на булеварот.
По сообраќајката, булеварот бил затворен, и се пренасочувал сообраќајот од страна на полицијата.
Увидот ќе покаже како дошло до оваа несреќа.