Не треба да отвораме фронт со Грција и Бугарија, изјави Али Ахмети, коментирајќи го непочитувањето на уставното име на државата од страна на претседателката Гордана Силјановска Давкова.
Тој додаде дека ниту една политичка партија која ги враќа процесите назад не може да биде партнер на Европскиот фронт.
„На земјата не и требаат непромислени изјави. Не треба да отвораме фронт со Грција, со Бугарија, не мора да отвораме фронт меѓу Албанците и Македонците затоа што државата е заедничка. Мора заедно да ја градиме иднината, стабилноста, мирот, безбедноста. И ниедна политичка партија која ги враќа процесите назад не може да има никакво партнерство со нас. Важно е процесите да се движат напред“ – вели Ахмети.