Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на претседателката Сиљановска Давкова

Новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска Давкова почна да го оформува својот кабинет.

Таа денеска ги именувала Ѓорги Божинов за генерален секретар и Горан Момироски за заменик генерален секретар на Кабинетот.

Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, јавни набавки, програмите за финансиска поддршка и легислативата на Европската Унија во овие области. Тој во кабиентот доаѓа од раковдна позиција во Министерството за земјоделие.

Момировски пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

Освен првите луѓе во кабиентот, претседателката во наредниот период треба да именува и свои советници од областа на безбедноста, меѓународните односи, комуникациите.

Имиња не се споменуваат, но се највува дека овие позиции ќе ги заземе дел од академската фела, блиска до Сиљановска.