(Видео) Села: Да се почитува желбата на граѓаните, а не на Мицкоски за тоа кој ќе биде опозиција

„Дека се работи за изборен инженеринг е повеќе од јасно, ако навлегувате по кои места се поднесени жалби јасно е дека се прави закрупнување на македонските политички сили ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, заедно со ВРЕДИ. Ги повторуваат изборите во родното место на Билал Касами, каде што ВРЕДИ имаат победено 3-1 наспроти Европскиот фронт. И каде што немаат никаков доказ за да се повторат изборите“ рече Зијадин Села од Алтернатива за Албанците во синоќешното гостување на Трилинг.

На прашање како коалицијата Европска иднина ќе се однесува во Собранието како опозиција Села рече „треба да се почитува желбата на граѓаните, не на Мицкоски. Ние ќе се однесуваме сразмерно на тоа како ќе биде решено. Не сакам да коментирам желби. Од ДИК се уште не се објавени мандатите, кој колку има. Се уште Мицкоски не е мандатар“.