Атентаторот на словачкиот премиер Фицо пред судот ја призна вината

Јурај Цинтула, осомничениот за нападот на словачкиот премиер Роберт Фицо, денеска пред судот ја призна вината.

Како што јавуваат словачките медиуми, Цинтула денеска е однесен во Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок, со посебни безбедносни мерки, а во просториите на судот не можеле да влезат ниту новинари, ниту јавноста.

Десетици регионални полицајци и специјалци беа распоредени пред зградата на судот, јавува ДПИ.