(Видео) Трилинг: Мирен трансфер на власта или институционална криза

Подготвена ли е Коалицијата за Европска иднина да делува опозициски?

Дали со обвинувањата од Ахмети, Тачи и Села за изборни нерегуларности се работи за ист изборен инжинеринг за кој против Мијалков, Тачи и Ибрахими се водеше судски процес?

Како Села гледа на најавите од претседателката Силјановска Давкова дека би ги помилувала осудените за собранискиот упад од 27 април?

Можно ли е дел од пратениците од Европскиот фронт да се приклучат кон идната владејачка коалиција?

Ова се само дел од прашањата и дилемите на кои во вечерашното гостување во Трилинг одговараше Зијадин Села од Коалицијата „Европска иднина“

„Претседателката почна со дипломатски инцидент, тоа не е добро за државата, не требаше така да се случи. Според мое лично убедување, ништо не е спорно да се случуваат

„До каде сме со ЕУ, блиску или далеку, никогаш не сме биле поблиску и подалеку од ЕУ. 600 милиони евра кои што се програмирани, а нема веќе пари од каде да се направат. На ниво на цел буџетски дефицит којшто се изеде во овие 4 месеци. Сите се колнеме во меритократија и пат кон Европска унија. Ова не е Европска унија, ова е калабалак. Ова е растурена куќа“ рече во Трилинг – универзитетскиот професор Марјан Бојаџиев.

„Македонските ИКТ компании доста работат на таа тема да ги задржат работниците, секако има предизвици“ рече деканот на ФИНКИ – Боро Јакимовски во вечерашното издание на Трилинг.

Ова е комплетната емисија: