(Видео) Јакимовски: Науката е запоставена од државата

„Високото образование се сретнува со предизвици, опстојување со простор, да ги привлече студентите, доаѓа до раситнување на кадарот и студентите. Ние сме и научна институција, за науката многу малку се прави. Науката е запоставена од државата. Сите ја збориме Шангајската листа, но да сме на таа листа, бара инвестиција“ – вели проф. д-р Боро Јакимовски, декан на ФИНКИ во најновото издание на Трилинг.

На прашање дали со вештачката интелигенција ќе се истисне човечкиот труд вели „треба да ја гледаме како поддршка. Секогаш општеството ќе си најде следно можно каде човекот ќе најде начин како да придонесе. Со неа се зголемува продуктивноста“.

Како против сајбер криминалот, Јакимовски со став „Предизвиците кои ги носи дигиталното време се големи, многу од повисокодигитализираните компании се свесни за проблемот и вложуваат, но тоа не е доволно. Македонија е мала држава за да вложува во многу капацитети. Решенијата во сајбер секјурити се доста скапи и невозможно е сите институции да инвестираат во свои капацитети“.

„За ИТ е најлесно да се најде работа надвор од земјава. Барем во минатиот период имаше голем недостиг на кадри. Македонските икт компании работат на тоа да ги задржат младите во земјава. Во средина е излезот, мора да се отвориме и кон надвор и да работиме внатре. Помалку развиените држави се извор за повеќе развиените, бараат прилив на кадри од кај нас. Ние не сме специфични, дел сме од целиот систем. Треба да има мотивација новите кадри да пробаат од тука, икт е многу лесно да се работи од било каде“ смета Јакимовски.

За тоа колку роботите ќе ја заменат живата работна сила, Јакимовски вели „Тоа е веќе реалност, тука големите фабрики немаат премногу работници, тешката и прецизната работа ја работат роботите. Почнуваат и правосмукалки да чистат сами, можеби ќе се движат работите, ама во насока на помош“.