Министерството за надворешни и европски работи на Албанија го покани амбасадорот на Србија во Тирана, Слободан Вукчевиќ „да даде појаснување за изјавата на вицепремиерот Александар Вулин во врска со средбата на албанскиот премиер Еди Рама со албанската дијаспора во Грција“.
Вулин, во врска со изјавата на Рама кажа дека „голема Албанија можат да ја спречат само Србите и српскиот свет“ и дека Грците треба „да размислат за тоа“, рече дека премиерот на земјата во која се наоѓа „жолтата куќа“, на местото каде што на Србите им се вадеа и продаваа органи, морал да биде многу повнимателен и да ги избира зборовите кога зборува за злосторства.
Вулин изјави и дека никој нема да го нападне Рама во Србија доколку ги осуди терористите од т.н УЧК за убиство и силување на дванаесетгодишно девојче во село Клечка, од страна на браќата Мазреку, како и ако каже дека е против „Шиптарите да се обединат во голема Албанија и да растурат уште три-четири држави на Балканот за да можат да си создадат своја“.